НОВОГОДИШНА БАЈКА ВО СКОПЈЕ: Ова се најубаво украсените објекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни  бои на Скопје 2016“.

najubavo-ukraseni-objekti

-Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – со која ги поттикнуваме средните училишта и нашите сограѓани да ги украсат своите работни простории и домови со новогодишни декорации и да придонесат за разубавување на празничниот амбиент.  Ме радува фактот што оваа манифестација е прифатена од граѓаните и тие учествуваат во сите категории, а за да се обезбеди максимална транспарентност изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите. На наградените во првите три категории Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2016 година. Сакам да и  се заблагодарам на сите за учеството во оваа манифестација, да им пожелам добро здравје и успеси во Новата година и да ги поканам нашите сограѓани и следната година во што поголем број да се вклучат во оваа акција и да дадат свој придонес за побогат новогодишен амбиент во градот- истакна градоначалникот Трајановски.

nagradeni

За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Денчо Јосимов во населбата Радишани.

kukja

kukja1

kukja2

Комисијата за најубаво украсена тераса, ја прогласи терасата на Богоја Китанчев  во населбата  Дебар Маало.

terasa

terasa1

terasa2

Од пријавените угостителски објекти комисијата годинава за најубаво украсен објект го прогласи ресторанот „Рагуса“ во Центар.

ragusa

ragusa1

ragusa2

За најубаво украсен двор на Средно училиште годинава е избран дворот на СУГС „Никола Карев“.

uciliste

uciliste1

uciliste2

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им даде благодарница на ЕВН Македонија за долгогодишната поддршка и за учеството во оваа градска манифестација.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата  компанија  веќе  традиционално учествува и ја поддржува  манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје, и нагласи дека и во иднина ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This