НОВОГОДИШНА ПОТРОШУВАЧКА ТРЕСКА: Граѓаните го одврзаа ќесето за богата Новогодишна вечера!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новогодишната еуфорија кај граѓаните во главниот град не стивнува, се купува се и сешто, од храна до подароци, новогодишни и божикни украси, по некое парче гардероба, блескави обувки, прехранбени производи… Најмногу сепак се троши за храна, трпезата мора да биде празнична, па што биде нека биде

pazar

Од Новата година не дели само уште еден ден, а студеното време , ниските температури и загадениот воздух, не ги спречи жителите на главниот град да излезат и да ја збогатат својата трпеза за новогодишните и божикните празници.

Луѓето купуваат подароци за да ги развеселат своите најблиски за време на новогодишните празници со желба животот во новота година да им биде уште поуспешна. Освен во дуќаните, метежот се забележува и во сообраќајот.

Градот живее во духот на новогодишните празници, а големи попусти има во дуќаните за гардероба. Мала прошетка низ трговските центри и ќе забележите дека многу бутици за Нова година ги спуштија цените.

Низ главниот град се повеќе се чувствува новогодишната еуфорија на граѓаните, а празните рафтови во супермаркетите е сликата која можеше да се забележи изминативе денови.

За време на новогодишните и божиќните празници, секое семејство се труди да ужива со своите најблиски покрај богатата трпеза.

Пиперките и патлиџаните – отров!

Пилешко или говедско месо, салата од зеленчук, грозје, сарми, руска салата… се дел од намирниците каде ќе се најдат на секоја трпеза за време на празниците.

Но, како по некое непишано правило и оваа година цените на прехранбените производи скокнаа токму пред Нова година.

pazar2

Цените на производите пред новогодишните и божиќните празници значително се зголемија, особено цените на зеленчукот и месото.

Големата раздвиженост и побарувачката на производи на граѓаните е забележана, особено во големите супермаркети, пазарите и месарите.

Како што се наближуваат новогодишните празници така цените на прехранбените производи растат.

На пазарите цените на зеленчукот драстично се покачија во претпразничната еуфорија.

На пазарите може да се забележат промените во цените на зеленчукот.

Ако редовната цена на зелените пиперки беше 70 денари, сега истите пиперки може да ги најдете по цена од 170 денари, цената на патлиџанот од 70 денари за килограм, сега се качи на 170 денари. Зголемувањето на цените важат и за другите производи како месото, овошјето и други прехранбени намирници.

На листата на најбарани – прасиките!

Раздвижено е и пред месарите. Се чека на ред и по половина час и повеќе. Најчесто, велат месарите се побарува мелено месо за традиционална новогодишна сарма, прасечко, но се купува и пилешко, мисиркино месо и од се по малку.

Нема Нова година без прасенце! Не за друго, туку да се израдува масата. И куќата, а ќе се омрси и некој мустаќ. За прасечко се чека на ред, а може и да се порача во подобро снабдените и поголеми месари, каде цената е до 240 денари за килограм. Или кило патлиџани рамно на пола кило прасечко!!!!!

prase

Свински ребра се продаваат по 190 денари, кременадлите 200 денари, а свинската кртина и бут од 250 до 300 денари за килограм. Има за сечиј вкус, што би се рекло, само треба да се одврзе кесето. И Нова година може да почне.

Турканици и во скопските слаткарници

Како на пазарите, така и во скопските слаткарници гужвата не стивнува. Покрај богата трпеза со месо, зеленчук и овошје, граѓаните сакаат да си каснат и слатки од вештите раце во кујната на скопските слаткарници. Магијата на празниците добива интересни слатки форми кои се рај за очите.

Овој период им носи повеќе профит и на слаткарниците каде граѓаните бараат колачиња и торти со новогодишни форми.

Божиќен колач, мафини, медењаци или декоративна тегла со ванилици, колачиња во форма на снегулки, дедомразовци, снешковци… уникатно спакувани со новогодишна хартија се најчесто барани во слаткарниците и се она што граѓаните ги потсетува на новогодишниот период кој ни престои.

Правила за новогодишната трпеза: Тортата е симбол на страста!

Поставување на богата новогодишна трпеза нема за цел само да не нахрани, туку и секое јадење треба да биде внимателно избрано бидејќи со себе носи подредена симболика на среќа, напредок и на благосостојба.

Покрај веќе традиционалното свинско печење, руска салата, салата од зелка и торта, на трпезата своето место би требало да го најдат и рибата и грозјето, а еве зошто:

Грозјето, пред се, е симбол на сила здравје и јачина, па се препорачува да изедете по полноќ точно 12 зрна грозје за секој месец од годината по едно за во текот на идната година да бидете секој месец здрави.

trpeza

Бидејќи и за новогодишната ноќ се уште трае Божикниот пост, рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа таа симболизира и непречено движење, движење без препреки, па ви навестува лесна година во која сите нешта „ќе пливаат”.

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Салата од кисела зелка поради својата зелена боја симболизира хармонија и добра среќа, но и долговечност.

Тортата поради самата структура која содржи многу шеќер, е симбол на страста. Потрудете се тортата да биде од што е можно побогати состојки за следната година да имате што повеќе задоволства.

Она што никако не смеете да го имате на новогодишната трпеза е месото од пердувести животни, бидејќи тие имаат крила, па симболизираат среќа која ве напушта.

Бисера Ловачева
Вечер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This