НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СВЕТИ НИКОЛЕ: Кривична за градоначалникот – прoнeвepувал пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надворешната канцеларија за кpинaлиcтички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т.(51), К.Н.(34) и А.Д.(54), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 22.04.2015 до 24.04.2018 година второпријавениот, сопственик и управител на правно лице од Свети Николе, за одржување на уличното осветлување на подрачјето на општина Свети Николе, изготвувал лажни фактури, во кои прикажувал поголема количина на употребен материјал. При тоа, третопријавенот, вработен во општина Свети Николе и одговорен за контрола над наведените услуги, ги проследувал ваквите фактури, без да изврши проверка и споредба на материјалот наведен во фактурите и материјалот наведен во пријавите за дефекти, по што првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Никола, без да изврши увид во приложената документација, ги одобрувал ваквите фактури. Со ова, прво и третопријавениот му овозможиле на второпријавениоте да се стекне со противправна имотна корист од 1.316.530 денари, на штeтa на буџетот на општина Свети Николе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This