НОВОТО „АМЕРИКАНСКО ОДЕЛО“ ЗА БАЛКАНОТ: Анализа на текстот на британскиот дипломат за поделба на Балканот и Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку меѓународната заедница во овие околности се обиде овој регион да го врати на концептот на етнички држави, таквиот процес не би можел да помине без нови судири
usa_balkan

Распадот на бившата СФРЈ на шест нови држави не само што донесе десетгодишна војна на Балканот, туку и економска нестабилност и длабока етничка поделеност меѓу народите и народностите кои скоро 50 години живееа во „братство и единство“ во Титовата Југославија. Од денешна перспектива гледано, многу запдни заговорници распадот на СФРЈ го сметаат како грешка, бидејќи не постигнаа она што планираа, а добија држави од кои барем две не се економски самостојно одржливи.

Сега скро две децении по војната, истите оние кои заговараа распад на СФРЈ „поради мир“ на Балканот (претходно немири не ни имаше додека не се вмешаа тие), сметаат дека „балканскиот оган“ може да се изгасне само ако се направат нови држави поделени по етнички принцип. Таквото решение го гледа Тимоти Лес, автор на анализата за олитичката ситуација на Балканот изнесена во американскиот весник „Форин Полиси“. Тој заговара прекројување на границите, па дури и формирање на голема Србија, Албанија и Хрватска со теза дека е потребен радикален пристап на нестабилниот балкански регион како би се дошло до мир и стабилност.

Дали ново прекројување на границите на Балканот навистина би довеле до мир или ситуацијата додатно би се влошила? Бившиот дипломат Зоран Миливојевиќ, коментирајќи за споменатата анализа вели дека, истата се потпира на неколку реалности со кои е соочена меѓународната заедница кога е Балканот во прашање, но и геополитичарите и аналитичарите, ги имаат во предвид промените кои следат по американските избори, ситуацијата во Европа и враќањето на Русија на светската политичка сцена.

„Се работи за тоа дека концептот на мултиетничност, кој е промовиран по војните во деведесетите години на минатиот век на Балканот и кој под закрила на Европската унија требаше да гарантира долгорочен мир и долгорочна стабилност на овие простори, не се покажа како ефикасен. Освен тоа, ние се соочуваме и со тенденции кои се случуваат во Европа, каде одново се афирмираат националните и ентитетски држави, како на пример Унгарија, Полска, но и Германија, Франција, да не ги споменувам регионалните иницијативи како што се Каталонија, Баскија и така натаму. Значи, во тој контекст се поставува прашањето и каква е ситуацијата на Балканот и што би можело тука да се случи, имајќи во предвид дека концептот на мултиетничност не заживеа и дека ЕУ е соочена со своите проблеми, кога и процесот за проширување е практично запрен, ни самата не успеа со своите стандарди и решенија со проширување и пристапување да наметне трајна безбедност и стабилност“, објаснува Миливојевиќ.

Миливојевиќ вели дека не треба да се заборави важниот факт дека денешните граници се воспоставени со консензус на големите сили по падот на Берлинскиот зид, кога е срушен версајскиот систем и кога СССР, Чехословачка и СФРЈ исчезнаа од политичката сцена.

„Гранциите по правило се менуваат со војна или на меѓународни конференции, со учество на големите сили и заинтересирани држави. Според тоа, ако меѓународната заедница или околностите се движеле во правец тука да се продолжи нестабилност и дека едно од можните решенија е враќање на концептот на етнички држави, односно, државите да се заокружат со тоа што ќе има српска етничка целина со Република Српска и северно Косово, албанските делови на Грција, Македонија и со Косово, во тој случај би морало тоа да се решава само на еден начин – на меѓународни конференции. Доколку таков процес би стартувал, во овие околности тоа не би можело да помине без судири“, уверен е Миливојевиќ. Бошњаците, наведува тој, не би прифатиле да ја изгубат државата Босна и Херцеговина и да се сведат на мала енклава. Ниту Македонија не би прифатила некоја федерализација, па од сосптвена држава, независна по распадот од СФРЈ ќе се доведат во ситуација да ја загубат. За тоа дека Грчка би можела да се одрекне од дел од територијата не станува ниту збор, а не сум сигурен дека такво нешто би прифатила и Црна Гора, а за Србија не ни зборувам. Тоа е нешто што во дадените околности не е остварливо, но кое може да се гледа и од агол да се засилат некои тенденции кои би гарантирале повеќе автономија и повеќе права и слободи, повеќе елементи кои одат во прилог на националните ентитети на малцинствата од кои зависи стабилноста на овие простори.

Инаку, споменатиот автор на анализата во американскиот весник своето гледиште за тоа како би требало да изгледа Балканот, секако, го исцртува со американско пенкало, бидејќи како што вели „поради поделеноста на Европа, САД одново ќе мораат да го преземат водството и да ја поддржат интерната фрагментација на мултиетничките држави по принцип на тоа како што бараат малцинствата“.
„Вашингтон треба да ја прифати понудата на Албанците за федерализација на Македонија и барањето на Хрватска за воспоставување на трет ентитет во БиХ. Во втора фаза, САД мора да овозможат тие територии да остварат блиски политички и економски врски со своите поголеми соседи, воведување на двојно државјанство и воспоставување на заеднички институции, додека формално остануваат во составот на државата во која се и сега. И, во третиот конечен чекор, треба да се овозможи сецесија на тие територии од постоечките држави и спојување со матичните земји, можеби во почетокот како автономни региони“, наведува Лес во својата анализа.

Тој смета дека таканаречениот „хрватски ентитет“ во БиХ треба да се спои со Хрватска, Репубика Српска и северот на Косово со Србија, додека Прешевската долина, западна Македонија и најголемиот дел на Косово би требало да бидат припоени на Албанија.

Според неговото сценарио, Црна Гора би можела да остане без албанската енклава, но би можела да бира – или да остане независна или да се спои со проширена Србија. Лес, инаку бивш шеф на Конзулатот на Велика Британија во Бања Лука и директор на агенцијата „Нова Европа“, која се занимава со процена на политички ризик во Источна Европа, семта дека БиХ е најслаба држава во регионот. Тој наведува дека и Србите и Хрватите сакаат одредени измени во Дејтонскиот договор, кој е „чувствителен збир на компромиси кои ја држат оваа земја обединета“. Лес објаснува дека веќе постојат темели за такво сценарио, напоменувајќи дека во Македонија политичките лидери од големоалбанското малцинство бараат федерализација на државата заснована на етнички принцип. Зборувајќи за Косово, тој истакнува дека српското малцинство инсистира на формирање на мрежа на самоуправни енклави со што поголема независност од централната влада (Приштина). Во Прешевската долина, Албанците агитираат на поголема автономија, а во Црна Гора Албанците бараат ентитет. На Косово и во Албанија националистите се борат за единствена албанска држава.
„Пред Западот е голем предизвик – дали да го препознае и уважи легитимитетот на овие барања и радикално да го промени пристапот кон Балканот или, да продолжи во моменталниот правец и со тоа да ризикува нови судири на овие простори“, нагласува Лес. Од друга страна, свесно или не, Лес во својата анализа практично признава дека идејата на западот за мултиетничност пропаднала, бидејќи не го задушила национализмот кој и тогаш бил препознат како извор на нестабилност во Европа. Таа одлука на западната политика, истакнува тој, ги занемаруваше основните права и интереси на малцинските групи кои себе во тие држави се доживуваат како граѓани од втор ред што забрзано резултираше со судири, поради што Западот, со цел да завладее мир, последните две децении вложи огромен напор и труд во државата бивша Југославија.

Притоа, во почетокот Вашингтон имаше водечка улога на Балканот, но во последните десет години се повлече и ја препушти водечката улога на Европската Унија. Тој констатира дека ЕУ го променила пристапот во однос на САД и се обиде државите од западен Балкан да го мотивира членството во Унијата, надевајќи се дека тоа ќе ги трансформира лошите авторитарни држави во демократски, уредени во политички заедници, каде ќе се почитуваат сите права, па и правата на малцинствата.

„Кратко време таа политика изгледаше како добитна комбинација. Меѓутоа, како нереална и неодржлива заблуда се покажа дека очекувањата на Европа дека малцинствата ќе се жртвуваат во борбата за своите права и сигурност поради економски бенефит. Поради тоа, од ден во ден се повеќе сведочиме за држави како БиХ, Косово, Македонија стагнираат, додека нивните похомогени соседи како Албанија, Хрватска па дури и Србија почнуваат да напредуваат“ наведува Лес.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This