НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Повеќе од 70 отсто зaрaзeни не го пренесувале кoрoнaвиpycот, тој се ширел на собири во зaтвоpeн простор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група на епидемиолози од Хонгконг спровеле ново истражување кое покажало дека само 20 отсто од тестираните случаи се одговорни за дури 80 отсто од преносот на заразата на коронавирусот, пренесува Н1.

Тоа значи дека 70 отсто од заразените, вирусот не го пренеле на други и дека сите случаи каде се ширела заразата, биле на собири во затворен простор.

„Тоа е она што досега го знаеме, а ако дојде до втор бран, ќе знаеме подобро да се справиме со него“, рекол научникот Бен Колинг.

Тој додал дека собирите се дозволени на отворено, но дека во затворен простор не смее да бидат повеќе луѓе заради можноста на зараза.

Објавената студија е прелиминарна, значи се уште не поминала рецензија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This