НОВО КОМИНИКЕ НА АНА: Вооружани до заби, се закануваат да не се помислува на размена на територии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Терористичка организација Албанска национална армија (АНА), сподели видео, во кое припадниците на организацијата вооружени до заби се закануваат и бараат да не се тргува со територии.

– Бараме политичарите да престанат со продажба или трговија на територија за нивните лични интереси – велат вооружените маскирани милитанти на видеото, цо кое говорат на албански јазик.

Албанско-холандскиот новинар Винсент Триест го објави ова видео и ги пренесе нивните закани.

– Ние мора веднаш да ги прекинеме разговорите за размена на териториите во  Северна Митровица и Прешевската долина – рекоа екстремистите.

Триест изјави дека АНА е екстремистичка организација, опремена со лесно оружје, “калашникови” и снајперисти.

Тој додава дека ова е прва комунике на АНА за можната размена на територии, како можно решение за косовското прашање, но дека човекот на снимката говори на течен јужноалбански акцент, што досега не беше случај, а екстремистите од АНА вообичаено говореле со косовски акцент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This