НОВО СУДЕЊЕ ЗА СЕАД КОЧАН: Ќе се изведуваат доказите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Денеска се очекува да бидат изведени доказите.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс Мет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот, Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Обвинителот Артан Ајро, им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 терминиза судење во декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This