March 28, 2024, 10:58 am

НОВО ТРУЕЊЕ ВО САЛЗБЕРИ: Ново труење во близина на градот каде што беше отруен Скрипал, дали станува збор за тероризам?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членови на британската антитерористичка полиција истражуваат “непознат материјал” што се користел во инцидент во близина на Салсбери.

“Како што може да се очекува, со оглед на неодамнешните настани во Салсбери, членовите на антитерористичките единици работат заедно со своите колеги од вилтширската полиција во врска со инцидентот во Ејмсбери”, се вели во соопштението на полицијата во Лондон.

Сепак, полицијата соопшти дека сè уште не е утврдено дали злосторството било воопшто извршено.

“Првично беше претпоставувано дека двајца пациенти се болни по употребата на хероин или кокаин од контаминирана дрога. Сепак, во тек е понатамошна истрага за да се утврди супстанцата што довела до нарушување на здравјето на овие пациенти. ВилтширскатапПолицијата вели дека е премногу рано да се донесе одлука во врска со околностите на инцидентот и дека ќе ја информира јавноста во најкраток можен рок редовно и што е можно повеќе “, се вели во соопштението.

“Во овој момент нема индикации дека овој инцидент е на било кој начин поврзан со случајот на Скрипал. Се уште не знаеме ништо во врска со овој инцидент, но би рекол дека ова е претерана реакција “, изјави извор за Спутник во полицијата.

Две лица се во критична состојба по изложување на некоја непозната супстанција во англискиот град Ејмсбери, кој се наоѓа на 13 километри од Салсбери, каде рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, наводно, биле отруени со нервен агенс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This