Нов бомбона бизнис: Шеќеринска сама на себе си доделила половина милион денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на самата себе си доделила половина милион денари преку министерството за одбрана. Имено министерството за одбрана доделило грант од 500 илјади денари на невладината организација ,,Евроатлански совет на Македонија’’, невладина во која членува министерката Шеќеринска.

Невладината добила грант за таканаречена ,,Школа за НАТО’’, а скандалозно е што на интернет страницата на невладината пишува дека токму министерката членува во нејзе. Сето ова отвора простор за сомнеж за постоење на корупција при доделувањето на грантот.

Во најмала рака симптоматично е што на чело на невладината ,,Евроатлански совет на Македонија’’ пак се наоѓа Исмет Рамадани, владин функционер и личен советник на Заев. Да се потсетиме дека токму тој минатата недела на Македонците им се заканување дека доколку не прифатат промена на името, ќе има војна.

-Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ, може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани за емисијата Отворено на Алфа ТВ со Искра Коровешовска.

Но тоа не е се, МО доделило 400 илјади денари на Институтот за европски политики, со кој во моментов раководи Симонида Кацарска, ќерка на Димитар Кацарски, кој од СДСМ е именуван за заменик јавен обвинител на Република Македонија. Симонида Кацарска многу веројатно е дека и лично се познава со Шеќеринска, бидејќи своевремено била вработена во Секторот за евроинтеграции токму кога министерската за одбрана раководела со оваа институција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This