НОВ БУЧЕТ, НОВИ РАЗОЧАРУВАЊА: Новиот државен буџет предвидува помалку пари за земјоделска поддршка од предизборните најави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветени 160, планирани 138 милиони евра. И новиот државен буџет предвидува помалку пари за земјоделска поддршка од предизборните најави.

„За земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра годишно. Предвидуваме 30 проценти повеќе субвенции за секое ново грло добиток, а 20 проценти за секој нов хектар“ стои во „Планот за живот во Македонија“.

„Кога зборуваме за ова би требало и јавноста да знае дека ние наследивме огромни долгови“ изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во дебатата на МТВ.

Премиерот пак вели дека испланирале помалку пари од она што ветиле бидејќи и досега не се трошел целиот износ.

„Субвенциите оваа година се проектирани на 8.5 милијарди денари. Тоа е 140 милиони евра, не е 160. Досега се исплаќаа во просек меѓу 90 и 100 милиони евра. Сега исплатата е 100%“ изјави премиерот Зоран Заев.

Освен помалите субвенции ќе има и помала поддршка за т. н. зелена нафта.

„Намалување на акцизната давачка нафта за земјоделска механизација за 50%“ пишува во предизборната програма на СДСМ а сега со новиот буџет се предвидува поддршка од 30%.

Неизвесно е кога ќе започне овој проект со оглед на тоа што веќе неколку пати беше одложуван – на 1 јануари годинава беше воведена дополнителна акциза од 3 денари за литар дизел, но не и субвенционирано гориво за земјоделците со што нивните трошоци драстично пораснаа.

Засега нема ништо и од најавите за намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти за ветеринарно – медицинските лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This