March 28, 2024, 10:07 am

Нов гаф на УЕФА: „Случајно“ ги објави стартните состави за финалето во ЛШ?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Европската фудбалска унија (УЕФА) уште пред еден месец направи гаф на својата интернет-страница па предвреме го прогласи Ливерпул за нов европски првак, централата од Нион денеска направи нов гаф и – „случајно“ ги објави стартните состави за вечерашното финале.
Реал Мадрид и Ливерпул ќе се судрат во финалето, во репризата од дуелот од 1981 одина, а мадриѓаните атакуваат на историски хет-трик, додека „црвените“ на прв трофеј по 14 години пауза. Ливерпул е последниот тим што успеал да го победи Реал во финалето на најелитното натпреварување и оттогаш мадриѓаните во шест финалиња имаат исто толку триумфи.

Фотографија од новинарската ложа со составите на двата тима протече во медиумите, иако до стартот на мечот и Зинедин Зидан и Јирген Клоп имаат шанса да сменат нешто. Но, овој состав се поклопува со тој на „Марка“, угледниот шпански весник кој е ептен близок до мадриѓаните, што го објавија утрово.

За разлика од шапнскиот медиум, британски „Тајмс“, па очекува изненадување со Герет Бејл во тимот на Реал.

Како и да е, вечерва ќе се види дали УЕФА предвреме ја „издаде“ тактиката за Зизу и Клоп или тоа било само случајна грешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This