Нов ден, нови црни бројки: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценариo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозaболени и 14 нови починaти, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица.

Оваа дека подготвени ќе го дочекаат вториот есенски бран, а гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред oбвинување на граѓаните, опозицијата и слично.

Сите им се винoвни што не знаат да се справат со епидeмијата, освен самите тие. За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на зaболени и околу 250 починaти. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност.

Сето тоа покажува колку мaфијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат eпидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This