НОВ ЗАКОН ЗА ОДБРАНА: Законското решение ќе биде усогласено со обвpcките и пpaвилата во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, чија цел е усогласување на законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО.

Законот за одбрана се менува и дополнува со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Овој член ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката, соопштија од владината прес-служба.

Откако на вчерашната седница министрите во Владата го разгледаа и утврдија новиот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, одлучија тој да биде доставен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This