НОВ ЗЕМЈОТРЕС ГО ТРЕСЕ СКОПЈЕ: Во 14:17 часот Скопје го стресе уште еден послаб земјотрес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Послаб земјотрес кој траеше околу 3 секунди попладнево во 14:19 го стресе Скопје и предизвика експресна реакција кај жителите кои веќе се во дворовите и пред зградите

zemjotres_12septemvri_14-2
Според европската Медитеранска сеизмолошка опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 3.7 степени по Рихтер, со ист епицентар како и претходните 20-ина земјотреси кои од вчера изутрината го тресат главниот град на Македонија.

Епицентарот бил на Северо-западот на Скопје на 9 километри од центарот на градот, на 1 километар источно од Црешево. Длабочината на потресот е на 5 километри!

zemjotres_12septemvri_14
Земјотресот траеше кратко, а ги вознемири граѓаните. Првиот земјотрес денеска беше во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново со јачина од 2,3 степени.

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се случил во 15.10 часот.

По најсилниот потрес, во 15.20 часот имало уште шест послаби потреси. Последниот бил во 20.57 часот, со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This