НОВ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА КОЧО АНЃУШЕВ: Свиркач објави документи кои покажуваат дека Анѓушев лажел кога изјави дека се повлекол од неговите фирми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На сервисот „Џастпејстит“ свиркачи објавија нови информации кои го поврзуваат вицепремиерот Кочо Анѓушев со нов корупциски скандал, односно, документи кои разоткриваат дека Анѓушев ја лажел јавноста дека се повлекува од раководните структури на своите компании со што е во директен судир на интереси поради неговата актуелна политичка функција

 

Текстот објавен на „Џастпејстит“ го пренесуваме во целост:

Медиумскиот мрак си го направи своето, се помалку медиуми се одлучуваат да ја обелоденат вистината. Како одговорни граѓани не смееме да молчиме и мораме да изнаоѓаме начини на запознавање на јавноста за секоја недоследност на власта.

Документиве кои ќе ги ставам во продолжение јасно покажуваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не лажел кога рече дека се повлекува од раководните структури во своите компании. Повлекувањето на Анѓушев од управните функции во неговите фирми беше продадено од медиумите блиски до власта како голем чекор на транспарентност и отчетност, но очигледно не е се така како што ни се претставувало.

Документиве кои потекнуваат од Централниот регистар со датум 21 декември 2017 година покажуваат дека до тој момент Кочо Анѓушев сеуште се води како сопственик и управник на компаниите, иако уште во јули месец минатата години јавно рече дека се повлекува од управувачките функции во компаниите.

Порталите беа преполни со насловите Анѓушев се повлече од управувачката структура на компаниите во негова сопственост, гестот беше поздравен од сите, но за жал очигледно не станувало збор за вистината, што се гледа од документиве во продолжение.

Ја повикуваме антикорупциска во интерес на граѓаните на Република Македонија да го истражи случајот и да утврди дали Анѓушев се јавува како управител во неговите компании и покрај тоа што е вицепремиер.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This