НОВ МИГРАНТСКИ БРАН: Осумнаесет мигранти повредени во сообраќајка кај Катланово во превртено комбе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска на автопатот Велес-Скопје, пред тунелот кај Катланово.

Според информацијата од Службата за Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом од Велес, сообраќајката се случила денеска во 13.30 часот.

До несреќата дошло кога возачот на камиончето со церада кое ги превезувал мигрантите изгубил контрола над возилото излетал од патот.

Како што информира за МИА Слободка Ристовска од Брза помош од Велес, тие на местото на несреќата стигнале со три возила на брза помош од Велес и две возила и нивни колеги од Свети Николе.

– Сите 18 мигранти кои ги затекнавме на местото на несреќата беа со разни повреди – по главата, рацете и нозете, и по укажаната прва помош веднаш ги однесовме во Ургентниот центар во Скопје. Најголем дел од повредените беа на возраст од 30-тина години, а само двајца повозрасни, појасни Ристовска.

Информира дека од полицијата ја известиле оти возачот на камиончето побегнал од местото на настанот, а избегале и некои од мигрантите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This