Нов начин на оценување на учениците кои учат по Кембриџ програмата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се менува начинот на кој ќе се оценуваат учениците кои учат според Кембриџ програмата. Експертите од реномираниот Британски универзитет ќе ги обучуваат македонските наставници, а со новите методи и вештини, учениците ќе ја добијат оценката која ја заслужуваат. Овој проект финансиран од европските образовни програми, ќе трае три години…

Ќе се менува начинот на кој се оценуваат основците и средношколците што учат по програмата Кембриџ. Советниците во Бирото за образование, а потоа и наставниците ќе поминат низ обука за стекнување нови вештини и критериуми по предметите метематика и природни науки. Според надлежните целта е учениците да ја добијат заслужената оценка.

Ќе бидат изготвени прирачници и правилници од кои ќе се спроведува обуката за развивање нови педагошки практики и оценување од наставниците.

Тригодишниот проект е финансиран од програмата на „Еразмус плус“ за поддршка и развој на образованието со грант од 150.000 евра. Оттаму очекуваат наставниците да се стекнат со нови знаења и вештини.

Проектот е поддржан од Европската унија во соработка со центарот Кембриџ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This