April 24, 2024, 12:20 pm

НОВ ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА НА АВМУ: Катица Јанева може да зема пари од граѓаните, а медиумите не смее критички да ја опсервираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потврди дека Специјалното јавно обвинителство е дел од кампањата со тоа што најголем акцент во предизборното следење на медиумите е ставен токму на Катица Јанева? Ова прашање се наметнува откако ќе се разгледаат извештаите за сите електронски медиуми, кои се законска обврска на АВМУ во предизборието.

katica-janeva-mediumi

Во истите најголем дел е посветен токму на работата на СЈО кое не би требало да биде дел од кампањата. Доколку СЈО и функционерите избрани во него се третираат како и секој друг функционер, тогаш и за нив би требале да важат препораките за критичко опсервирање на нивната работа.

Наместо тоа очигледни се двојните стандарди со кои АВМУ ги следи медиумите. Сител и медиумите кои не се под контрола на СДСМ се критикувани од АВМУ заради тоа што бараат отчетност од СЈО и доследно ги пренесуваат дебатите од Собранието и останатите теми.

Па, така според АВМУ преку наслов и пренесување на изјава на обвинител, ТВ Нова гради негативен став кон СЈО.

avmu-nova

За Агенцијата е спорно што Сител телевизија пренесува коментари, статуси и изјави на професори и аналитичари кои, според АВМУ, негативно зборуваат за Јанева. Телевизијата повторно на удар.

avmu-sitel

avmu-sitel1

За разлика од медиумите кои не се под контрола на СДСМ, нема никакви прегорувања за Телма која не само што не ја интересира како Катица Јанева троши 4 милиони евра од граѓаните годишно и дали совесно и професионално ја извршува функцијата, туку настапува крајно апологетски и неновинарски. Па, така телевизијата се става во одбрана на Јанева од како што сами најавуваат, политичкиот линч или мобингот врз специјалната обвинителка.

avmu-telma

Самата АВМУ во својата методологија препорачуваше медиумите критички да се поставуваат кон носители на функции кои добиваат пари од граѓаните. Па, според ова очигледно е дека за Катица Јанева или важи поинаков стандард, односно АВМУ смета дека треба да биде недопирлива и да не се бара отчет или смета дека не е функционер на оваа држава.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This