НОВ ПОЖАР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Гори кај селото Моштица, пожарот се движи со голема брзина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гори борова и дабова шума над каменичкото село Моштица во месноста Далевско маало.

 

Според  ЦУК – Делчево, пожарот е пријавен во 14:20 часот и првично зафатил сува трева по што се проширил во околната борова шума.

– Засега не можеме со сигурност да кажеме колкава површина е зафатена, но според првичните пресметки зафатени се 10 хектари дабова и борова шума. Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и со помош на ветерот огнот се шири со голема брзина, истакна Драган Балас од ЦУК – Делчево.

Тој потенцираше и дека во гаснењето на пожарот, освен лица од ЈП Македонски шуми, вклучлени се и екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и од ЈП „Камена Река“, месно население, а на помош се викнати и пожарникари од Делчево и Кочани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This