April 19, 2024, 10:00 pm

НОВ РУСКИ РАДАР: Прва снимка од А-100 „Премиер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија објави видео-снимка од првиот пробен лет на најновиот авион А-100 „Премиер” со радар со голем домет.
Тестирањето е извршено на аеродромот на Таганрошкиот авијациско научно-технички комплекс „Бериев”, пренесува порталот rg.ru.

„Сите системи на авионот (системот за управување со моторите, енергетскиот систем и системите за интеракција со радарот поставени над трупот) функционираат беспрекорно и се подготвени за понатамошни прелиминарни тестирања”, се вели во официјалното соопштение на рускиот воен ресор.

Мултифункционалниот авионски комплекс А-100 „Премиер” има подобри карактеристики од сличните странски модели, како што е, на пример, американскиот E-3 AWACS. Рускиот „летечки радар” е направен врз база на авионот Ил-76МД-90А, поседува дигитален систем за навигација и управување, „стаклена” пилотска кабина и нов двофреквентен радар (DBR) са фазна антенска решетка, благодарение на која ги „гледа“ дури и ловците и бомбардерите направени според „стелт“ технологијата.

„Основните карактеристики на авионот А-100 и неговата отпорност на радиоелектронско дејство и непосредно отворање на оган му овозможуваат брзо да воспостави радарска контрола на зададен оперативен правец“, нагласува руското Министерство за одбрана.

Извор:

Раша Бејонд

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This