НОВ СВИНСКИ ВИPУС СЕ ФАЌА ЗА ОРОТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вирусите ги дочекаа своите пет минути на оваа планета. Во денови кога короната пустоши по светот и по Македонија, во Кина е откриен нов вид на свински вирус кој има пандемиски потенцијал.

Во Кина е идентификуван нов тип на свински вирус кој има потенцијал да биде пандемиски, јавува ББЦ. Го пренесуваат свињи а може да се заразуваат луѓе. Научниците се загрижени дека може дополнително да мутира и да стане лесно пренослив од човек на човек.

Проблемот, велат, не е ургентен, но истражувачите предупредуваат дека новиот вирус на свински грип ги има сите потребни потенцијали за адапатација која ќе му овозможи да се рашири меѓу луѓето и затоа треба да биде под строга контрола.

Бидејќи и овојпат се работи за нов вирус, луѓето имаат малку или никаков имунитет на него.

Последниот пандемиски грип со кој светот се соочи – свинскиот во 2009 година- мина со помала смртност од предвидувањата, најмногу затоа што се покажа дека најранливата категорија, возрасните, имаат некаков имунитет на него, веројатно заради неговата сличност со другите вируси кои циркулираа претходните години. Тој сега е покриен со вакцина.

Новиот е сличен на него но во себе носи извесни измени.

Засега се вика G4 EA H1N1, додека не му смислат некое поприкладно естрадно име.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This