April 25, 2024, 12:56 am

НОВ СКАНДАЛ ВО ЕКОНОМИЈА: Се продаваат архивски броеви за субвенции за 100 до 200 евра!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Скандалите” во Министерството за економија немаат крај. Извори на новинската агенција Журнал од Министерството за Економија јавуваат за нов скандал во врска со субвенциите за печки на пелети од 30 илјади денари.

Извори од министерството за Журнал велат дека пари за субвенции за пелети има само за 230 барања, а министерот Крешник Бектеши неодамна го објави конкурсот, а според изворите на Журнал следниот ден министерството започнало да дели броеви од 100 и погоре.

Изворите кои го пријавиле “скандалот”, во Журнал, велат дека министерот Бектеши ги има резервирано за негови “блиски луѓе” првите 100 барања (архивски броеви) и дека овие архивски бројчиња, од страна на две лица познати во министерството, се продаваат од 100 до 200 евра по бројче, додека другите апликации за субвенции нема да бидат земени во предвид.

Во врска со овие наводи, новинската агенција Журнал побарала и официјална изјава од министерот за економија, Крешник Бектеши но досега во врска со ова прашање во министерството што го води Бектеши владее молк и не даваат детали и објаснувања за граѓаните во врска со наводите за злоупотреба на субвенциите за печки на пелети.

ИЗВОР: ЖУРНАЛ.МК

Фото:
Нова Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This