April 24, 2024, 12:41 am

НОВ СКАНДАЛ ВО „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“: Власта злoупoтpeбилa cмpт за да го превземе синдикатот на вработените во пошта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не е прв случај, а секако не и последен кога власта на СДСМ насилно ги менува раководните структури на синдикатите, а доколку неможат да извршат притисок и да го превземат синдикатот, тогаш основаат нов паралелелен во кој вработените мора да се зачленат за да не бидат изложени на притисоци на своето работно место.

Таков е примерот со синдикатот на Македонски Пошти, за кој сведочат вработени, но заради својата безбедност побараа да бидат анонимни.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:

Ве молиме да ја објавите следнава информација. Сакаме да останеме анонимни поради нашата безбедност:

Заменик директорот на Македонска пошта Ненад Јосевски без грам чувство, на денот кога на претседателот на синдикатот му почина татко му, го искористи моментот и организираше вонреден конгрес (во работата на синдикатот не смее да се меша) на кој тој беше сменет. На негово место постави свој послушник кој ќе ги спроведува неговите екскурзии организирани од туристичката агенција каде работи неговиот син (се сомневаме дека и агенцијата е на негов близок човек) и останатите малверзации кои почна да ги прави но немаше слободен простор бидејќи мораше да се пази од поранешниот претседател. На смената и претходеа уцени и закани низ цела Македонија и собирање на потписи за негова смена. Таа работа, патувања со цел собирање потписи, јадење, пиење, Заменик директорот Ненад Јосевски ја плаќаше со пари од фирмата.

За само една година тој од ЧУВАР на скопскиот аеродром е поставен за директор на една од најважните државни фирми. (Тоа дали бил навистина чувар, а подоцна унапреден во ПОЖАРНИКАР, многу лесно може да провери било кој новинар ако отиде и праша на скопскиот аеродром) Осудуван за напад на полицаец на должност. Повеќе пати приведуван. Одговорен за нападот на Ѓунар Прокоп поради што имавме забрана за учевство на било каков ракометен собир. За сето ова има видео снимки, а можете и да прашате во МВР за подетални информации. Ние би замолиле било кој медиум, да го покани во емисија и таму да го видиме неговото познавање од работењето во Македонска пошта. Да ја видиме неговата писменост. Да го видиме неговото познавање од областа на економските науки, затоа што тоа дипломирал.

Да видиме како се здобил со ТОЕФЕЛ за познавање на англиски јазик. Да ја видиме неговата елоквентност. Да ја видиме неговата општа култура. Посебно би бил интересен англискиот на Сашо Пецалевски, лозар-овоштарот од Ресен (село во близината на ресен) селанец кој секој ден се губеше низ Скопје па одеа да го бараат по градот и да го донесат на работа. За Јосевски и Пецалевски вработените имаат прекар. Ги викаат Глупиот и Поглупиот. Во Македонска пошта врие и владее општо незадоволство. Неспособноста и незаинтерасираноста на менаџерскиот тим (со исклучок на Генералниот директор) ја доведува пошта во незавидна ситуација а тие се предмет на потсмев кај вработените кои прераскажуваат вицови на сметка на директорите.

Работниот ден на заменикот директор Ненад Јосевски му почнува во еден од блиските кафиќи а потоа оди на работа во 10-11 часот. Каде што ништо не работи. Тој е пример за противни на соживот со Албанците. Прво што направи кога стана директор почна со навреди кон Албанците (позади грб). Го фрли на земја Албанското знаме, беше газено, имаше инцидент со Албанците во пошта Ѓорче Петров (и од ова има снимка). Ама тој лично е удобно сместен. Неговиот син е и увозник на сокови. Неговата сопруга вдомена во Ренова. Службеното возило го користеше цело лето за патување секој викенд во Грција. ЗА ИСТА ТАКВА РАБОТА БЕШЕ РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ – МВР (Чекаме реакција дали ќе се постапи онака како што треба) Истото тоа го правеше – користеше службено возило за приватни потреби и директорот Данчо Стојановски. Тој од шалтерски работник во Комерцијална банка дојде да биде директор во Македонска пошта.

После ќе се прашуваме зошто ништо не оди како што треба. За секс скандалите што ја тресат Македонска пошта во некоја друга прилика. Или ајде сега. Секоја вечер заменик директорот Ненад Јосевски, со службеното возило влегува во подземната гаража на Македонска Пошта и од таму во женска придружба оди во својата канцеларија. Тоа се случува во раните утрински часови, 01, 02 , 03:00 после полноќ. За ова има доказ снимка од безбедносните камери кои веќе кружат по мобилните телефони кај вработените. И другите двајца директори Сашо Пецалевски и Данчо Стојановски во своите канцеларии имаат “состаноци” во вечерните часови, некаде од 22:00 часот, со женски особи вработени или од надвор, за што исто има снимки од безбедносните камери.

За соживотот со Албанците ќе треба да ги прашате Албанците да ви кажат како ги понижуваат. Од симнување на знамето и газење, пцуење (во нивно отсуство). Новиот генерален директор (инаку професионален и посветен на работата) нема никаква соработка со нив и е немоќен сам да се бори со и онака тешката состојба која ја наследи. Не доаѓаат на состаноци кои ги закажува генералниот директор и опструираат се што тој пробува да направи. Сето ова се одразува на работата која е најслаба во историја на Македонска пошта. БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО И СРЕДСТВА НА ФИРМАТА ЗА ПРИВАТНИ ПОТРЕБИ. ДА СЕ ПОСТАПИ ИСТО КАКО ВО СЛУЧАЈОТ СО ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ.

Му препорачуваме на генералниот директор ЕЈУП РУСТЕМИ, да ги провери снимките од безбедносните камери наназад месец дена, има што да види…

(група вработени од Македонски Пошти)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This