НОВ СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски го назначил братучедот за началник на граничната полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По неодамнешните секс скандали во МВР по се изгледа Оливер Спасовски и не може поинаку да функционира освен контроверзно и во тесна партиска и фамилијарна линија


Неодамна на местото Началник на Регионалниот Центар Север во рамки на Гранична Полиција го поставил својот братучед Бобан Димитровски од Куманово. Смената е направена заедно со Командирот на граничен премин Аеродром Скопје.

Овие две најодоговорни позиции од граничното управување кои се однесуваат на најневралгичната гранична линија, онаа со Косово, и аеродромот Скопје со над милион патници годишно се сега под комплетна фамилијарна контрола на Спасовски. Она што за него беше „фамилија“ и „режим“ додека уништуваа фасади за време на „Шарената Револуција“ сега е само лицемерие и двојни стандарди.

На кој интерен оглас и како е именуван братучедот на Спасовски за Началник во Граничната Полиција најдобро знае директорот на бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, како и советникот во кабинетот на Спасовски, Раде Јанковски кој беше поранешен прв човек на Граничната Полиција.

Дали сега кога братучедот на Спасовски е началник на северната граница ќе соберат храброст повторно да ја отворат со работа и смена караулата Гошинце која од нејасни причини беше затворена токму во мандатот на Спасовски?

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This