НОВ СКАНДАЛ ВО ПОЛИЦИЈАТА: Реваншизам, одмазда и незаконски смени во СВР Куманово – вработени во МВР со отворено писмо до Курир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметаме дека во моментот сте најреспектабилен медиум, кој што може на било каков начин, па макар и со јавен збор, да ги заштити интересите на поголема група на припадници на МВР на РМ од професионалниот состав, поконкретно од редовите на СВР Куманово, кои што во изминатиов период, а особено во последните месец дена, сме изложени на жестоки притисоци, закани по нашите работни места како и работните места на нашите најблиски и уцени. Вака започнува писмото на вработени во МВР, кои велат дека „од разбирливи причини и реален страв од одмазда ќе останат анонимни“, испратено до Редакцијата на КУРИР

-Сакаме на почетокот само на кратко да ви ја појасниме незаконската постапка која што е во целост спротивна на Законот за внатрешни работи во сегментот во кој што е имплементиран системот на кариера во МВР на РМ, а во врска со преземањето на функцијата на Началник на СВР Куманово од страна на Стојанче Величковиќ. Имено истиот првин од неговото претходно работно место „Сменоводител на ГП Белановце“ беше распореден за началник на отсекот за превенција во која што постапка уште на почетокот беа по сите основи прекршени одредбите од дефинираниот систем на кариера, бидејќи истиот без никаков правен основ беше првин незаконски унапреден за цели 5 скалила. По изминувањето на само една недела односно седум дена истиот повторно беше незаконски унапреден овој пат во началник на СВР Куманово со кое нешто всушност се направи обид неговото незаконско промовирање во началник на СВР Куманово да се замаскира, односно да се прикрие неговото против законско унапредување, на овој случај сега за цели 6 скалила, се вели во писмото.

Имено, како што стои во писмото, по незаконското преземање на функцијата на началник на СВР Куманово од страна на Стојанче Величковиќ за скоро целокупниот раководен состав на СВР Куманово веднаш настапи процес на отворен реваншизам проследен со закани и уцени директно од негова страна кон сите нас, јавно, по состаноци и лично кон секој од нас поединечно.

-Само за пример секој од нас беше лично повикан од страна на Стојанче Величковиќ во неговата канцеларија и во таа прилика на секој од нас ни беа истакнати закани од негова страна дека сите ние мора веднаш да поднесеме до него лично своерачно изготвени и потпишани барања за наше наводно доброволно разрешување од должноста и прераспоредување на други пониски работни места, се со цел да се прикрие нашето неосновано и против законско разрешување со што би се избегнала постапката за оптужување на истите решенија пред суд. Доколку не поднесеме вакви барања до него ни беа кажани закани од негова страна дека во некоја идна постапка ќе се донесе нова систематизација во МВР и дека сите ќе завршиме по планини и по караули и дека сега можеме да поминеме многу полесно на кое нешто еден дел од нас подлегна на притисоците и заканите, а дел не ги поднесовме барањата, велат вработените во МВР.

Набргу по ова, нагласуваат тие, одпочнал процесот на незаконски смени, распоредувања, омаловажувања и дискриминација на работното место по повеќе основи, односно сите биле сменети за само еден ден, а на нивни места, повторно без никаква транспарентна постапка, без интерен оглас и без никакво почитување на Законот за внатрешни работи, биле незаконски промовирани и унапредени повеќе лица, и тоа:

Тие велат дека ова е само еден мал дел од кадровските промени и смени во СВР Куманово од пред една недела. Покрај овие има уште 50-тина други кадровски смени, воглавно сите полицајци, каде што исто така во прв план се застапени реваншизмот и одаздата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This