НОВ СКАНДАЛ ВО РЕК БИТОЛА: 800 илјади евра тендер за фирма без работници и механизација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска објави нови документи за, како што истакна, сомнителни тендери поврзани со РЕК Битола.

-Сомнителното работење на СДСМ и на оваа влада нема крај. Нов ден, нов скандал во РЕК Битола.

Денес објавуваме нов договор во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, договор за ископ на јаловина во Суводол. Тендер вреден 49 милиони денари, исто така 800.000 евра како вчерашниот склучен пред нова година.

Исто така по некоја случајност РЕК Битола неосновано и го раскинува договорот на фирма која работи со години претходно и новиот договор го добива фамозната фирмата СВ Инвест, која притоа немала ниту сопствена механизација, ниту пак искуство, ниту пак техничка стручна поддршка од кадар.

Сето ова, фирмата СВ Инвест го изнајмува од други фирми кои што ги ангажира со механизација, со транспортни камиони, со работници и со се останато. Се она што им е практично потребно за ископ на јаловина од рудникот Суводол СВ Инвест го измајмува од други фими односно подизведувачи.

Значи да сумираме, фирма без механизација, без багери, без транспортни камиони, без работници, добива тендер од 49 милиони денари, потенцирам договорен во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, за сметка на сериозни компании кои што имаат долгогодишно искуство, а им е раскинат договорот неосновано.

Прашуваме, зошто е раскинат договорот на претходната фирма и според кои критериуми токму фирмата СВ Инвест го добива милионскиот тендер во 4 очи?

Дали можеби тука некој извршил влијание токму фирмата СВ Инвест да ги добива сите милионски тендери во РЕК Битола? Очигледно е дека единствен критериум да се добие тендер во РЕК Битола е да бидеш поврзуван и да бидиш во блиски релации со картелот на власт.

Ова е начинот на работа на СДСМ, на Заеви, на криминалниот картел и на власта. Сомнеж за криминал и ништо друго. Личен интерес и личен профит единствено на конто на фамилијата. Го охрабруваме јавното обвинителство да ги истражи сите овие случаеви и да поведе соодветни постапки- изјави Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This