НОB CKAHДАЛ ЗА СЈО: Обвинителите „бом бите“ си ги носеле дома за поубаво да ги слушаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во СЈО со години со дозвола на шефицата Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.

Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало. Вработените во СЈО едноставно во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер.

Истата процедура морала да биде запазена и кога се враќал доказот во депото односно архивата на СЈО. Извирите на Канал 5 велат дека оваа операција не се почитувала, односно за многу од материјалите не постои пишан траг кој и кога подигнал бомби за одреден предмет.

Дополнително, безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, пред се за да се избегне протекување на бомбите, истовремено вработените неовластено да вршат увид во работата на своите колеги. Но и оваа безбедносна мерка воопшто не била почитувана, односно само мал број на компјутери не биле вмрежени, како што е оној во архивата.

Изворите тврдат дека голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за, како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.

На крај, во моментот кога беше детонирана аферата „Рекет“, лично Катица Јанева барала да се бришат форензички голем дел од компјутерите, што веќе е и познато на јавноста.

Но Јанева, според изворите на Канал 5 не застанала тука.. Барала со помош на антидатирање, да се подготват приемни формулари, за наводна запазеност на безбедносниот протокол, при што сите вклучени обвинители и истражители, требале да се потпишат и лажно да потврдат дека во 2015, 2016 земале документи и аудуо „бомби“ за обработка, што претставува сериозно кривично дело. Изворите на Канал 5 тврдат дека само екстремно мал број на вработени се согласиле на ова, додека поголемиот дел одбиле.

Канал 5 контактираше со прес службата и дел од поранешните обвинители во СЈО. Тие тврдат дека лично Катица Јанева ги делела бомбите по претходно направен распоред по обвинители и истражители, но уверуваат дека можноситте за злоупотреби биле речиси невозможни. Потврдуваат дека компјутерите биле вмрежени, но достапни биле само материјалните докази, но не и бомбите кои се чувале под посебен режим.

Од СЈО официјално остануваат на ставот дека се почитувале безбедносните протоколи, но засега нема начин како да се утврди вистината, со оглед дека станува збор за податоци недостапни за медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This