НОВ СКАНДАЛ СО ШТИТЕНИЧКИ НА ДОМОТ ,,25МАЈ“:7 годишна штитеничка од домот 25 мај наскоро ќе стане мајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

17 годишна штитеничка од домот 25 мај наскоро ќе стане мајка. Одлучила да го задржи бебето откако забременила од нејзиниот партнер со кој живеат под ист кров, во домот.  Нејзината судбина нема да ја дели 15 годишна малолетничка од истиот дом, која решила да абортира.

Веста за двете малолетнички кои забремениле се прошири по скандалот по абортусот и сексуалното злоставување  на 13 годишното девојче кое живеело во истиот дом. Сите три девојчиња ги поврзува една работа, штитенички се на домот 25мај и за нив се грижи државата. Но, за министерството во труд и социјала тие сите три случаи се различни.  Двете девојчиња не биле жртви сексуално злоставување велат од министерството.

„Овие две бремености се сосем различни од случајот со 13-годишното девојче, бидејќи не станува збор за силување или злоупотреба. Сепак денес социјална инспекција ја проверува работата на овие две установи, и секој случај одделно ќе се испитува.“ – велат од МТСП.

Од друга страна, заменичката на народниот правобранителнајсотро го осудува овој став и смета дека се работи за малолетнички за кои државата мора да се грижи без разлика или не дали имало сексуално злоставување.

„Потфрлија институциите и старателите, не се извршува никаква функција на заштитата, само што ќе пријавиме, кога законот ни дава обврска да превземеме мерки. Има многу прашања на кои надлежните треба да одговорат, ако навистина сакаат да ја завршат работата.“ – вели Васка Бајрамовска-Мустафа – заменик Народен правобранител.

13 годишното девојче кое со години трпело сексуална агонија сега е на сигурно, во шелтер центар. Според сознанијата на Бајрамовска во крвта на  13 годишното девојче била пронајдена дрога, но и проституирана на добропознати локации во центарот на главниот град. За нејзиниот случај обвинителството конечно се изјасни по една недела, по притисокот и прашањата од јавноста. Постапки водат и велешките и скопските обвинители. Но во  соопштението нема детали, од кога се оформени предметите, дали сите се нови или можеби се води истрага од пред две години, кога за прв пат МВР отвора постапка за нејзиното исчезнување.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје е отворен и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје,  а за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Велес постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали.“

Во меѓувреме, домот 25 мај експресно доби и нов директор, откако вчера долгогодишниот прв човек на домот Стевчо Соколовски си поднесе оставка од морални причини. Независно од истрагата на обвинителството, министерството за труд ќе ги испитува сите околоности со малолетничката бременост во домовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This