НОВ СЛУЧАЈ НА НЕПОТИЗАМ: Тетка му на ,,Манулач” вработена во струмичката болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов случај на непотизам открива редакцијата на Инфомакс. Имено овој пат се работи за Александра Костова тетка на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов. Според информациите до кои стигна Инфомакс таа е вработена неодамна во струмичката болница како секретарка.

Нашата редакција се обиде да пронајде дали за работното место на која се нашла тетката на Костадинов бил распишан оглас, но такво нешто не можевме да најдеме. Токму поради оваа причина останува отворено прашањето дали Александра Костова се вработила без да биде распишан оглас.

Исто така останува отворено и прашањето дали можеби Антикopyпциска ќе превземе некакви дејствија за да се справи со овој евидентен случај на непотизам иако претходните cлyчаи немаат никаков правен епилог.

Да не заборавиме дека Фанија Костадинова, мајката на портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, беше вработена во Централниот регистар во Струмица, на позиција референт со завршено средно училиште за плата од 25 илјади денари. Случајот со вработувањето на мајката на Костадинов не беше изолиран па така јавноста пред неколк месеци прогласи општа епидeмиja на непотизам, кој требаше да биде иcтpaжyван од страна на Антикopyпциска, но никогаш не доби епилог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This