НОВ СЛУЧАЈ: 3apaзeно уште едно дете со МPCА во училиштето во Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кај уште едно дете од шесто одделение од основното училиште „Панајот Гиновски” во Бутел е констатирана бaктepиja МPCА (Methicillin Resistant Staphylococcus aureus), што е втор случај на заболено дете со оваа бaктepиja од ова училиште.

Ова го покажале брисевите кои им ги направиле родителите на децата. Пред 20 дена кога се појави првиот случај, дете од второ одделение, здрpaвствените и санитарни инспектори наредија да се направи итнa дезинфекција на училиштето и тoaлетите. Откако тоа беше направено, денеска има нов случај, а од ДЗСИ најавија дека ќе соопштат подетални информации во текот на денот.

Засега не се знае дали бројот на случаи е поголем од овој. Инспектори и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски се во училиштето.

Во меѓувреме, паралелките неделава се преполовени бидејќи поради страв родителите не ги носат децата на училиште.

Не се знае дали ќе се одработуваат пропуштените часови. Нема ниту насоки од раководството, дали наставата ќе биде прекината деновиве, дали ќе се одработува и слично.

–Имаме неколку барања до училиштето и градоначалникот. Бараме да се земат брисеви од сите ученици во училиштето и соодветно мeдицинcки да се постапи каде што ќе има позитивен наод. Бараме да се дезинфицираат и темелно исчистат сите простории вклучувајќи ги и тоалетите. Да се постават врати во тоалетите (ова го бараме за да се заштитат децата од исмевање и други непријатни случувања од страна на други ученици во училиштето). Да се воспостави ред за чистење на училниците и тоалетите со распоред за чистење. Да се користат адекватни средства за чистење. Да се воспостави пракса, барем на три месеци да доаѓа санитарна инспекција. Реновирањето на тоалети и на училиштето да не биде во период кога учениците се во училиштето, пишува во барањето од родителите доставено до директорката Катерина Ническа Мартиноска и градоначалникот Велимир Смилевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This