НОВ СПЕКТАКЛ НА ПОВИДОК: Нурмагомедов одбил реваш со Мекгрегор, сака меч со Мејведер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шампионот во УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ја отфрли понудата од 15 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор, потврди неговиот вујко Алекс.

– Дали Конбор ќе има шанса да се одмазди? Не … Хабиб не се грижи за пари, нема пари што ќе ги прифати, а знам дека тие сакаа реванш и понудија 15 милиони долари, рече Алекс Нурмагомедов.

Хабиб ја одбрани титулата во УФЦ-шампионот пред 10 дена, кога го принуди Мекгрегор да се предаде во Лас Вегас во четвртата рунда, а потоа почна хаос околу октагонот, бидејќи руски борец од Дагестан започна борба со тимот на Конор.

Неколку дена подоцна, Хабиб го предизвика боксерот Флојд Мејведер, а Американецот го прифати предизвикот.

Во најава е нов спектакл во Лас Вегас. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This