April 25, 2024, 10:58 am

НОВ ТЕНДЕР ЗА МИЈАЛКОВ: Агенцијата за обезбедување „СГС“ ќе го обезбедува Археолошкиот музеј за 7 милиони денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис, која се поврзува со поранешниот шеф на тајната полиција за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, доби тендер од Археолошкиот музеј во износ од 7 милиони денари, пренесе „Фокус.мк“

Според податоците објавени од страна на Бирото за јавни набавки, СГС склучил договор со Археолошкиот музеј на крајот на минатата 2018 година за обезбедување во период од една година на имоти, археолошки предмети и материјали, откако компанијата се јавила како единствен понудувач на тендерската постапка.

Во име на СГС, потпис на договорот ставил управителот Мирољуб Давидов, за кого премиерот Зоран Заев своевремено како опозициски лидер објави прислушувани разговори како тој за работата на агенцијата за обезбедување се консултира и прима наредби од Мијалков, кој дотогаш демантираше дека стои зад оваа компанија.

Инаку, компанијата во втората половина на минатата година добила уште неколку тендери за обезбедување, како на пример, од Агенцијата за електронски комуникации во износ од 17,5 милиони денари, од Општина Аеродром во износ од 4 милиони денари, од Фондот за холокаустот на Евреите од износ 1,5 милиони денари итн.

Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ го исклучи Мијалков од партиското членство, откако го обвинија дека влијаел врз пратеници од оваа партија да ги поддржат уставните измени со кои практично се реализира Преспанскиот договор со Грција.

Специјалното јавно обвинителство против него покрена неколку обвиненија и на барање во СЈО заврши во притвор, меѓутоа, на барање на СЈО, судот неодамна одлучи да му ја замени оваа мерка во куќен притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This