April 18, 2024, 10:38 am

НОВ ТЕРЕНЕЦ ОД РУСИЈА: Лада “Нива” 4X4 добива свој наследник?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што истакна претседателот на групата “АвтоВАЗ”, тестот на времето покажа дека овој модел на”Лада” покажува добри теренски карактеристики, кои однапред ја определуваат понатамошната судбина и производство на споменатиот автомобил.

“AvtoVAZ”, сепак, ќе промовира сосема нов SUV, но, во исто време, нема да го прекине производството на теренскиот автомобил Ladа 4X4. Ова тој го изјави на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, претседателот на автомобилската група Николас Мор.

“Ние подготвуваме две главни промоции кои ќе бидат поврзани со новиот SUV помеѓу 2021 и 2022 година на Ladа 4X4. Всушност, новиот SUV ќе ја надополни понудата заедно со сегашниот модел. Неодамна ја одбележавме четириесетата годишнина од “Lada” 4X4, и се надеваме дека ќе ја обележиме педесеттата. Исто така, постојниот модел има многу добри off-road карактеристики и е многу популарен и баран на некои пазари. Можеби ќе продолжиме да го произведуваме паралелно со новиот автомобил “, рече Мор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This