НОВ ТРГОВСКИ УДАР ЗА КИНА ОД СТРАНА НА САД: Трамп со нови царински покачувања зa кинескитe производи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември.

Царините првично ќе бидат 10 проценти, но ќе се зголемат до 25 проценти до крајот на годината, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока од други земји, вели владин претставник.

На листата со над 6.000 вида кинески стоки, предложен од службата на трговскиот претставник на САД, се вклучени широк спектар на електронски производи како и многу други производи – од мебел до чанти, правосмукалки, градежни материјали.

Во декларацијата, со која ги соопшти новите давачки, Трамп предупреди дека ако Кина преземе отворени активности против американската индустрија или против фармерите, „ние веднаш ќе воведеме третата фаза, царини на дополнителен увоз за 267 милијарди долари”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This