Нов удар за Врањеш: Репрезентацијата со одлука која тешко ќе ја поднесе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Андрелехт го остави на клупа до крајот на неговиот договор, сега следи нов удаp за фудбалската кариера на Огњен Врањеш.

Тој повеќе не е член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, одлучи селекторот Роберт Просинечки.

-Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во kонфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни, вели Просинечки.

Аферата околу Јелена Карлеуша беше само последен од низата на инциденти на фудбалерот.

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш се најде во центарот на вниманието благодарение на аферата со поп-пејачката Јелена Карлеуша, која повеќе од еден месец ги полни страниците на домашните, но и на регионалните таблоиди.

Изгледа неговиот обид да ја „понижи“ пејачката, тврдејќи дека фотографиие што ги преплавија медиумите се нејзини, не наиде на поддршка и одобрување кај голем број девојки, кои сега јавно го понижуваат.

Имено, една атрактивна девојка, која се занимава со фитнес, на својот инстаграм-профил објави порака за која тврди дека и’ ја испратил женетиот Врањеш.

„Тооооооп изгледаш!!!“, напишал фудбалерот, но не добил повратен одговор, но затоа добил објава на профилот на девојката, со коментарот:

„Пријателе, во погрешна црква си нашол да се молиш!“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This