March 29, 2024, 10:36 am

Нов фудбалски рекорд – најбрзиот пенал во историјата по само 5 секунди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во натпреварот од групата Ј во африканската зона од мундијалските квалификации меѓу Танзанија и Мадагаскар е досуден веројатно најбрзиот пенал во историјата на меѓународниот фудбал, откако судијата Масхуд Сисали покажа на белата тока за домаќините по само пет секунди.

Домашните фудбалери веднаш по почетниот удар ја нафрлија топката во гостинскиот шеснаесетник, а голманот на Мадагаскар, Мелвин Адриен, невешто се залета во напаѓачот Симон Мвусу и Танзанија доби шанса за рано водство од белата точка што го донесе капитенот Ерасто Нуони.

Танзанија на крајот победи со 3-2 и го презеде лидерското место во групата со четири бодови, колку што има и второпласираниот Бенин.

Не постои статистика за најбрзо досудени пенали на репрезентативните натпревари, но досега најбрз познат досуден пенал се случи на пријателскиот натпревар меѓу Црна Гора и Гана, одигран во Подгорица во 2014 година, кога домашната репрезентација доби удар од белата тока по 10 секунди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This