НОВ ФPOHТ ВО ТРГОВСКИТЕ BOJHИ: САД ќе им го одземе повластениот трговски статус на Индија и Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На иницијатива на американскиот претседател Трамп, САД ќе им го одземе повластениот трговски статус на Индија и Турција, беше објавено во понеделникот.

Вашингтон има намера да го прекине статусот на Индија и Турција како повластени кориснички бидејќи повеќе не ги исполнуваат законските критериуми за подобност за да бидат дел од ГПС програмата.

Индија не обезбеди гаранција дека ќе дозволи пристап до пазарот, додека пак Турција е доволно развиена економски, така што веќе не е подобна да биде дел од програмата, се вели во извештајот.

Индија исто така имплементираше широк дијапазон на економски мерки што имаше негативни ефекти во американската економија.

Турција, од друга страна, откако го доби статусот на земја со повластен трговски статус во 1975 година, помина низ интензивен економски развој и ја надмина потребата  од програмата.

Промените ќе влезат во сила по истекот на 60 дена од објавувањето на одлуката во Конгресот на САД и во засегнатите земји. Процесот започна во понеделникот.

И понатаму ќе се следи состојбата во Индија и дали земјата ќе го обезбеди бараниот пристап до пазарите согласно со критериумите на ГСП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This