НОВ ЦЕНОВЕН ШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ: Со покачувањето од 20% Македонија ги има најсапите здравствени услуги во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со новото зголемување од 20 отсто, Македонија, ќе има највисоки цени за здравствените услуги, а особено во кардиохирургијата, рече во понеделникот, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари.

Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги огpaбyвaaт. Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки опepации. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции“, рече опозициската претеничка.

Истакна дека цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките опepaции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките опepaции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат двапати во текот на една година!

Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично. Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш, заклучи Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This