April 19, 2024, 11:11 pm

НОВ ШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ: СДС ќе ја зголеми цената на струјата – од наредната година сметките за струја ќе бидат најмалку 20% повисоки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата. Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20%, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Зоран Заев.

Од партијата велат дека тоа е многу повеќе од спектакуларно најавеното воведување на двочасовна ефтина тарифа, која повторно ќе ја платат граѓаните, но на друг начин.

-СДС и Заев сега го промовираат овој популистички потег, единствено за да ги изманипулираат граѓаните и да добијат некој глас повеќе на локалните избори. Толкав ќе биде ефектот. Толку ги интересираат граѓаните. Лагите им се со краток рок. Исто како изјавите на Заев дека немало да има казни за Законот за јазици или дека имало 500.000 фантоми. Исто како што најавуваа поголеми пензии и плати, а платите паѓаат и се укинува покачувањето на пензиите, стои во реакцијата.

Граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се свесни дека многу брзо после локалните избори, ги очекуваат повисоки сметки за електрична енергија.

-Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните. Удар од кој ќе имаат корист само лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електична енергија, се наведува во партиската реакција.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This