Нов ckaндал со попиcoт: Тypcката зaeдница во Maкедонија ykaжува на злoyпотpeби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според објавениот оглас за реонски попишувачи и инструктури од 25 февруари оваа година, Државниот завод за статистика имаше предвидено 8 попишувачи од турската етничка заедница за Струшкиот регион.

Но, зачудува фактот што од 8 предвидени попишувачи, без да се запази принципот на правична застапеност, беа прифатени само 3, иако имаше доволно кандитати кои аплицираа од турската етничка заедница за Струшкиот регион, реагира Националното координативно тело на Турците за пописот во Македонија.

– Очекуваме од Државниот завод за статистика да ни даде објаснување „според кои критериуми“ е направена селекцијата, односно од кои причини кандидатите кои аплицирале се одбиени. Бараме што побрзо оваа грешка да се поправи, стои во соопштението за јавност на Националното координативно тело на Турците за попис.

За проблемот информирани се Државниот завод за статистика и надлежните институции и организации, а Националното координативно тело на Турците за попис очекува проблемот да се реши во најбрз можен рок.

– Во спротивно, оваа одлука ќе го засени пописот и ќе предизвика сомнежи за целикупнот процес околу оваа значајна статистичка операција, предупредува Националното координативно тело на Турците за попис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This