Нов ckaндaл во здравството: „Тетке полека со дишењето, ноќва може да нема кислород“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста се уште не може да се соземе од фотографиите од кои се гледа дека пациенти во Битолската болница со часови седеле до починати луѓе а веќе се потврдува дека проблем со боци за кислород со кои се одржува сатурацијата на крвта кај болните од Ковид-19 има и во други болници освен таа во Штип, објавува Експрес.

За скандалот со недостаток на боци со кислород во Штип нема истрага од која ќе се види дали некој почина како последица од лошата организација во болницата.

Минатата недела за проблемот со кислород директорот Ален Ѓоргиев ги обвини вработените кои според него полните боци ги прикажувале како празни.

Новиот случај за кој зборуваат сведоци е од исто така голема болница каде на пациентите им се кажувало да внимаваат како дишат односно штедат на кислород затоа што во текот на ноќта можат да снема и тешките пациенти кои зависат од новите да останат без него.

Според очевидци кои јавно говорат за овој скандал а кој е парафразиран во насловот на овој текст вработен во Прилепската болница на пациентка која се борела да земе воздух преку боците со кислород и рекол: „Тетке полека со дишењето, ноќва може да нема кислород”.

Очевидецот раскажува и за чекањето на пациентите пред прилепската болница во траење од четири часа на студено време за да добијат преглед или терапија.

Сведокот не ги обвинува лекарите и здравствените работници затоа што се борат колку што можат но според него се работи за тотален хаос во системот кој можеше да биде подготвен во текот на летото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This