НОВ CKAHДАЛ: За македонски почесен конзул во Словенија се токми стар познаник на Обвинитeeлството таму?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкиот неделник „Младина“ објавува скандал во најава со идниот почесен конзул на Македонија во Словенија, за кој се токми стар познаник на тамошните даночни власти и на Обвинитeeлството, пренесува Експрес.

Станува збор за Субија Тајроски, познат и како „газда“, еден од шефовите на поранешните контроверзни даватели на услуги (ИПС) во пристаништето во Копер. Тој за „Младина“ потврдил дека „нешто се случува, но ништо не е направено, дотогаш нема да коментирам“, а од македонската амбасада во Љубљана не одговориле на барањата од магазинот.

„Како што откри (словенечки – н.з.) ‘Дневник’ лани, Субија Тајроски се нашол под лупа на специјализираното државно обвинитeeлство СДТ, кое ги истражува наводите дека една од неговите компании ја одвел во стечај со изmaма, а пред тоа од неа безбедно ги префрлил сите средства. Истрага спровело и Обвинитeeлството во Копер, кое ги следело наводите од извештајот на Финансиската управа (ФУРС). Таа се сомневала во затајување данок во трансакциите меѓу ‘Лука Копер’ и нејзините оператори, посебно ‘Т-Момо’, која Тајроски ја управува заедно со својот брат и во која финансиските инспектори извршиле надзор. Токму тоа било пресудно за коперското пристаниште конечно да го легализира работењето со ‚газдата’, кој му обезбедува евтина работна сила. Меѓу четирите агенции за вработување што ‘Лука Копер’ летоска ги избра на тендер, две се во сопственост на ‘газдата’, меѓу кои и спорната ‘Т-Момо’ на браќата Тајроски. Оваа компанија треба да обезбеди заобиколен пат преку кој споменатиот ИПС ќе продолжи непречено да стопанисува со државното пристаниште“, пишува „Младина“.

Ако Македонија му даде на Субија Тајроски дипломатски имунитет преку титулата почесен конзул, тогаш работата на словенечките даночници и на органите за спроведување на законот, кои го испитуваат неговиот бизнис, ќе стане многу потешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This