НОВ PAЗУЗHABAЧКИ CKAHДAЛ: Откако “го бpkaa Руси” низ Брисел, aгентoт на АР овојпат на нова мисија во Босна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексклузивно дознаваме дека агентот на АР, за кого неодамна објавивме сторија како параноично бегал низ бриселските хотели и продавници заради наводно следење од Руси, откако е повлечен од Брисел сепак ќе добие “утешно” место во македонската амбасада во Сараево како претставник на АР.

Директорот на АР Ерол Муслиу направил досега невиден преседан во односите со МНР само да го прати повторно на мандат досегашниот претставник на АР во Брисел, кој освен во инцидентот со белгиската полиција, од сојузничките служби упатиле критики до Муслиу и за агресивен настап врз колегите со кои комуницирал. На крајот на септември оваа година самиот Муслиу донел одлука со која ја поништил постапката за испраќање на претставник на АР во Сараево.

Токму на инсистирање на Муслиу, на почетокот од годината, било одбрано Сараево како дестинација на која АР би имала претставник и токму Муслиу бил потписник на комисијата за селекција на кандидати за таа дестинација. Но, според Муслиу поради наводни непредвидливи и објективни околности, потребата на Агенцијата за упатување на претставник во ДКП Сараево се променила, а затоа пак, само месец дена подоцна, распишал повторно конкурс за истата дестинација- Сараево!

Кои се околностите кои се смениле за само еден месец веројатно знае само Муслиу. МНР пак скоро 10 месеци ја игнорирала АР за упатување на претставникот во ДКП Сараево па се поставува логичното прашање зошто сега експресно би постапиле во испраќањето на новиот претставник? Очигледно е дека во овој случај Муслиу форсира лице на пријателска база и затоа ќе го употреби својот авторитет во МНР да ја истера експресно процедурата.

Инаку изборот за претставник на АР во БиХ освен за врските на тамошните и овдешните исламски радикали и нивната интеракција низ Европа и Блискот Исток е значајна и за руско-српските односи особено во ентитетот Република Српска. На територијата на овој ентитет ова влијание најмногу се чувствува па оттука е нејасно како едно лице кое “бегало” веќе еднаш од Русите низ Брисел ќе се снајде ако се најде во “иста ситуација” во Бања Лука на пример?

Интересно е и тоа дека по објавата на Инфомакс, директорот иако му била потпишана одлуката уште од средината на месецов, чекал да се “стиши” целата прашина во врска со овој случај за кого по пишувањата на Инфомакс се интересираа и телевизиските медиуми на кои Муслиу невешто се бранеше со писмени изјави. Дали Сараево или Бања Лука ќе биде уште едно фијаско на разузнавачот кого го “бркаа Руси” низ Брисел останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This