НОВ PEВОЛУЦИОНЕРЕН LG: Транспарентен телефон со флексибилен екран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корејскиот производител е заинтересиран за сегментот на смартфони со флексибилни
дисплеи, но исто така сака да понуди нешто уникатно и различно за своите корисници. LG веќе има регистрирано на свое име патент на уред кој покрај понудата на овој дизајн, исто така, има транспарентен екран.

Овој прототип исто така ќе им овозможи на корисниците да го контpолираат
екранот со комaнди во задниот дел на куќиштето, што е дефинитивно многу интересна иновација.

Инженерите на компанијата веруваат дека ова е најефективниот и најлесен начин да се користи паметен телефон кој нуди слична функционалност. Самиот патент е веќе регистриран од LG пред USPTO, што дознаваме од публикацијата на LetsGoDigital. На овој начин, компанијата се надева дека ќе ја надмине конкуренцијата и официјално ќе го претстави првиот паметен телефон кој има флексибилен и транспарентен екран во индустријата.

LG предвидува иднина во која паметните телефони со транспарентни навнатре и надвор, но исто така автоматски се прилагодуваат на амбиенталното светло со промена на транспарентноста на самиот дисплеј. Уредот се состои од неколку поврзани сензорни панели и има рамки од стакло на рабовите што го претвораат целиот простор во функционален екран на допир. Транспарентноста на екранот ќе се прилагоди според содржината што ја гледате и амбиенталното светло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This