Новa зapaза се појави во Кина: Цело село во кapaнтин поради чyмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во кинескиот регион Внатрешна Монголија денеска издадоа трето ниво на предупредување за чума и селото Баоту го ставија во карантин, откако еден локалец почина од цревна чума.

Според надлежните, предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината.

Локалните здравствени власти соопштија дека ги следат контактите на починатиот селанец, вкупно девет и уште 26 лица кои имале контакт со тие девет лица.

Сите се ставени во карантин и се под лекарски надзор. Досега ниту еден од нив нема симптоми и сите биле негативни за болеста.

Починатиот имал цревна чума чии симптоми вклучуваат дијареја, силни болки во стомакот и треска.

Појавата на чума во Кина не е невообичаена, но болеста сепак се појавува се поретко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This