НОНКОВИЌ НА ФБ: И ние македонците ќе ја продолжиме оваа низа – ќе го искршиме „чадорот“ над Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Бобан Нонковиќ на својот Фејсбук профил му ја честиташе победата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп и на Републиканците кои го добија и Конгресот и Сенатот, што значи целосна контрола врз САД. „На здравје крајот на историјата и првата голема победа за слобода на човештвото, за слободен свет! Ние, Македонците, ќе ја продолжиме оваа низа на 11 декември, кога исто така со својот глас – ќе го искршиме „чадорот“ над Македонија!“

boban-n

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме во целост:

„Ова е Крајот на историјата, а Доналд Трамп е „последниот човек“, господине Френсис Фукујама! Не доаѓањето на твојата либерал-демократска банда на чело на САД во 90-тите години и претворањето на најмоќната држава во светски насилник

Од денеска, повеќе ништо нема да биде исто!

Чадорите се распаѓаат, Америка се врти кон себе и престанува да биде светски „кадија те тужи, кадија ти суди“ и полицаец.

Американците си ја превземаа контролата врз својата голема држава од воено-индустриската банда и од крвникот Џорџ Сорос!

Трамп и Републиканците го добија и Конгресот и Сенатот, што значи целосна контрола врз САД, а „демократката“ Баба Зумбула не собра сили ниту да му честита на победникот и на американскиот народ, туку избега да плаче во соба! Толку од демократскиот дух на т.н. демократи.

Човекот во кој никој не веруваше, а сите го поддржуваа ги победи CNN, NBC и сите американски и светски мас-медиуми што „независно“ го масакрираа за време на предизборието.

Драги пријатели, сите што го живееме ова време, колку и да ни е тешко поради турбуленциите и несигурноста, сепак треба да сме горди, бидејќи преживуваме историски моменти.

Живееме за време на најголемата светска револуција против „Владата во сенка“ и против воено-индустрискиот естаблишмент што донесе само несреќи за човештвото и акумулираше богатство за себе. Што би рекол еден мој пријател, живееме време на една нова Октомвриска револуција!

На здравје крајот на историјата и првата голема победа за слобода на човештвото, за слободен свет!

Ние, Македонците, ќе ја продолжиме оваа низа на 11 декември, кога исто така со својот глас – ќе го искршиме „чадорот“ над Македонија!“, напиша Нонковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This