Нон-пејперите не се случајни: Професорот Цуцуловски пpeдупредува за федерализцијата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОПРЕЗНОСТ. Овој пост претставува надоврзување на постот/линкот што го објавив пред десетина часа. Во основа, тоа беше мое мислење, дадено пред повеќе од четири години, за Канал 5. Во него нагласив дека може да дојде до федерализација на Република Македонија по етничка линија.

Пред извесно време (дали случајно?) се појави извесен нон-пејпер од, за јавноста, непознат автор. Со него е предвидено прекројување на државните граници на Западен Балкан. Поделбата би била според етничкиот/националниот принцип. Тоа би довело до нови етнички судири/војни, од една страна и, од друга, до преселби/размена на населението.

Набргу по објавувањето на нон-пејперот дојде до ревитализација на идејата за таканаречената Илирада, односно до тенденцијата сите Албанци да се обединат во една етничка држава. Претходен услов за тоа би била федерализација на Република Македонија.

Притоа, треба да се има предвид дека ако два или повеќе настани/идеи се појават во исто време, или се појават последователно, нужно не следи дека се во причинско-последнична поврзаност, макар што нивната можна каузална поврзаност во ниту еден случај не смее да биде исклучена/заборавена. Некои познавачи на уставниот систем сметаат (можеби од наивност) дека поделбата, односно федерализацијата на Државата е исклучена, бидејќи е во колизија со Уставот.

Што е точно. Меѓутоа, изумуваат дека Уставот одамна стана растеглива материја, која може да се моделира/толкува како кој ќе посака. Уште повеќе, во 2001 година, кога требаше да се прифати Рамковниот договор, а со него и промената на тогашниот Устав, беше пласирана „демократската“ и веома-многу „прогресивната“ теза дека ништо на овој свет не е толку свето за да не може да се промени, вклучувајќи го и Уставот. Така и беше. Истото се случи кога се воведе двојазичноста, промената на името или кога започнаа капитулантските „преговори“ со Бугарија и Грција, поврзани со највиталните прашања за македонската држава и за македонскиот народ/етнос.

Затоа, мора да се биде повеќе од буден и внимателно да се следи секој чекор, секоја изјава, секој кажан збор, бидејќи маневарскиот простор околу иднината на Македонија сѐ повеќе се стега. Притоа, никој не умее да каже што ќе биде со таканаречениот источен дел од Републиката, ако евентуално дојде (нагласувам: ако е в е н т у а л н о дојде) до нејзина поделба. Односно, дали тој дел ќе биде самостојна држава или ќе биде приклучен кон некоја од соседните држави, пишува на Фејсбук професорот Љубомир Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This