March 29, 2024, 12:40 pm

Норвешки лekap: Пoгoлeмa е вepojaтнocтa дeкa згpyтчyвaњeтo e пoвpзaнo co „Acтpa3eнeкa“ oткoлкy дeкa нe e

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пал Андре Холм, професор и лекар на Универзитетот во Осло, специјализиран за нарушувања во крварењето, смета дека поверојатно е дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астразенека“ и случаите на згрутчување на крвта, отколку дека не постои.

„Јас претпазливо ќе кажам дека има врска, но разумно е да се верува дека постои врска помеѓу фактот дека пациентите неодамна биле вакцинирани и дека последователно добиле несакани ефекти кои се многу ретки“, изјави Холм за НРК.

Норвешка во вторникот ја прекина вакцинацијата со „Астразенека“ на 14 дена поради неколку пријавени случаи на згрутчување на крвта по вакцинацијата. Една жена на возраст од околу триесет години починала во северна Норвешка по крварење во мозокот. Тоа се случило десет дена откако ја примила вакцината.

Исто така, тројца помлади здравствени работници кои биле вакцинирани биле хоспитализирани поради згрутчување на крвта, а едниот починал следниот ден.

“Имунолошкиот одговор на вакцината се чини дека се манифестира со активирање на тромб и намалување на тромбоцитите. Ние знаеме за слични состојби предизвикани од некои лекови”, вели Холм.

Норвешката агенција за лекови сè уште ги испитува овие случаи. Сè уште не е докажано дека вакцината на „Астразенека“ е поврзана со згрутчување на крвта, но не е ни побиено.

Истрагата ја спроведува и Европската агенција за лекови (ЕМА), која ќе ги објави резултатите од истражувањето во четврток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This