Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани во повеќе населени места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска 25.06.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Вевчани во 17:00 часот, општина Струга во 18:30 часот, општина Ресен во 20:00 часот.

-Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:15 часот на улица Македонија ќе присуствува на отворање на штаб, од каде во 13:30 часот ќе даде изјава за медиуми.

Во 19:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Центар, во населбата Капиштец, кај игралиштето.

Во 20:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Центар кај Паркингот кај „Трготекстил“.

-Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе ја посети општина Куманово, каде во 15:00 часот кај Индустриски зона Речица ќе даде изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе го посети Велес, каде што во 11:00 часот пред црквата Св. Пантелејмон ќе даде изјава за медиуми. Во 20:00 часот ќе присуствува на свечено отворање на штаб во градот, спроти поранешно АМС, каде ќе даде исто така изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети Гевгелија, каде во центарот на градот на плоштадот, со почеток од 12:45 часот ќе даде изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 5, Игор Дурловски ќе го посети Охрид, каде во 10:00 часот ќе даде изјава за медиуми пред споменикот на Св. Климент.

-Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе го посети Гостивар, каде во 11:00 часот, пред кафе барот „Бејби Блу“, ќе даде изјава за медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This