НОСИТЕЛОТ НА ВМРО ВО ТРОЈКА СО КОМЕНТАР ЗА СОСТОЈБАТА СО KOPOНАВИРУСОТ : За нас најбитно е здpaвјето и животот на граѓаните во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица три, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев коментирајќи ги актуелните случувања со коронавирусот истакна дека за опозицијата најбитно е здpaвјето и животот на граѓаните во Република Македонија. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата како се развива и во однос на тоа што ќе се случува понатаму така ќе ги насочува своите политички дејствувања.

-Она што треба да го имаме сите во предвид, будно да се следи ситуацијата како ќе се развива, без разлика на тоа што веќе влегуваме дефакто во изборите најбитно е здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија. И тоа е наш прв приоритет и во однос како ќе се развива ситуацијата така и ќе го насочуваме нашето дејствување. Во овој момент, имаше нели денеска лидерска средба, се договори тоа што се договори веќе е познато на јавноста, во однос на собирањата, оние забрани, оние мерки кои што се договорија. Фактичката ситуација е дека барем до 24, вториот ден од официјалниот почеток на кампањата ќе треба сите ние да најдеме алтернативен начин на делување и водење на кампањата, вели Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This